недела, 15 ноември 2026
Најново

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори за мерење на гликемијата за сите заболени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот 14 ноември, Сојузот на здруженија на лицата со дијабетес од здравствените власти побараа да бидат обезбедени сензори за сите лица со дијабетес Тип 1, редовно да ја добиваат терапијата и медицинските помагала. Тие побараа да бидат подостапни новите лекови против дијабетес во аптеките, и полесно да дојдат до термин кај специјалист, кој треба да им ја следи состојбата и да се спречи појава на компликации.

Според податоците од Министерството за здравство во Македонија се регистрирани 135 илјади лица со дијабетес, од кои 40.000 се со дијабетес тип 1.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Министерството за здравство обезбеди сензори за контрола на гликемијата за 800 пациенти со тип 1, а Здруженијата на пациенти бараат вакви сензори да добијат сите деца и млади до 25 години, бремените жени кои имаат гестациски дијабетес, како и сите оние кои имаат последици од болест.

– Да почнеме да се дополнуваме, тој број колку што може да се зголемува да стасаме до 80 проценти покриеност за две, три години со сензори и инсулински пумпи, кои се медицински индицирани и се и треба да се поставуваат на лицата со Тип 1, изјави Димче Велев, претседател на СЗДМ.
Министерството за здравство најави дека во следните три години ќе се обидат да обезбедат сензори за следење на гликемијата за што повеќе пациенти.

Поврзани вести