сабота, 14 ноември 2026
Најново

Во Македонија 350 деца имаат дијабетес

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Македонија има 135 илјади граѓани кои боледуваат од шеќерна болест (дијабетес) од кои 4 илјади се со тип 1 и речиси за 40 илјади се смета дека имаат дијабетес, а немаат поставена дијагноза.

-Дијабетесот е хронична болест, која зазема пандемиски размери. Меѓународната федерација за дијабетес излезе со бројки дека 693 милиони луѓе во светот го имаат ова заболување. ​Речиси 43 отсто од лицата со дијабетес не знаат дека ја имаат оваа хронична болест. Според податоците, приближно 50 отсто од компликациите кај дијабетес тип 2 веќе се присутни при поставување на дијагнозата. Значи, се задоцнува со поставувањето на дијагноза, изјави вчера на прес-конференција директорот на Универзитетската клиника за ендокринологија, проф. д-р Ирфан Ахмети, по повод одбележувањето на 14 Ноември, Светскиот ден на дијабетесот, под мотото „Рана акција за дијабетес“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На прес-конференцијата беше истакнато дека 800 лица до 25-годишна возраст имаат дијабетес, од кои 350 се деца.

Денеска во Кавадарци беше одбележан светскиот ден на дијабетесот, со мерење шеќер во крвта на градскиот плоштад.

Претседателката на Здружение на дијабетичари „Слатка насмевка“ од Кавадарци, Соња Ристовска, појасни дека ,,Рано делување против дијабетесот”, е годинешното мото на Меѓународната федерација за дијабетес – IDF, под кое се одбележува Светскиот ден на дијабетесот ширум светот.

– Но, за мене, како некој што со години се залага за правата, подобриот третман и поквалитетниот живот на лицата и децата со дијабетес тип 1, оваа порака има и едно многу пошироко значење. Раното делување против дијабетесот за мене значи секое дете со дијабетес тип 1 да има можност за безбедно детство, образование, спорт и безгрижен живот, преку пристап до редовна терапија и пристап до сензор и пумпа. Раното делување против дијабетесот треба да значи дека оние кои наполниле 25 години, возрасните не треба да бидат оставени на маргините на здравствениот систем и да им биде ограничен пристапот до современи технологии само поради возраста, истакна таа.

Притоа нагласи дека раното делување против дијабетесот треба да значи сензорите за континуирано следење на гликемијата, инсулинските пумпи и современите терапии да не бидат привилегија за малкумина, туку достапни на сите оние на кои им се потребни.

-Раното делување против дијабетесот треба да значи еднакви можности и системска поддршка, конкретни политики и реални промени, рече таа.

Поврзани вести