Зеленски го осуди обидот за атентат на Трамп

Суровоста е неприфатлива во современиот свет, рече Володимир Зеленски на социјалната мрежа Х, коментирајќи го обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
„Таквото насилство нема оправдување и нема место во светот“, рече тој.

Зеленски посака САД да станат уште посилни по она што се случи.

Трамп го прекина јавниот настап во Пенсилванија во саботата поради пукање. Напаѓачот е мртов.

Пронајдете не на следниве мрежи: