Само во последната недела Русија фрлила 800 бомби за планирање над Украина, изјави Зеленски денеска во Киев. Тој објави видео со големи уништувања и пожари во регионите Херсон, Дњепропетровск, Одеса и Запорожје.
„На Украина и требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана. Ни треба силна поддршка од нашите партнери“, рече Зеленски.
Тој додаде дека на Украина и се потребни средства за соборување на руските бомбардери.