ЛАВРОВ: Зеленски не ја разбира сериозноста на ситуацијата

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „не ја разбира сериозноста на моментот“, обвинувајќи го за „негрижа кон сопствениот народ“.

Лавров во интервјуто за белоруските медиуми изјави дека Зеленски само излегува со нови и нови идеи, но дека таа „фонтана од идеи“ токму го открива „недостигот од разбирање на Зеленски за сериозноста на ситуацијата и сопствениот народ“.

Според шефот на руската дипломатија, идеите на Зеленски, кои не ги прецизираше, го разоткриле „расистичкиот карактер“ на властите во Киев.

Истовремено, Лавров упати остар вербален напад кон Западот. Според Лавров, „хистеричната реакција” на „специјалната воена операција“, како што Москва ја нарекува инвазијата врз Украина, само ги потврдила ставовите на Кремљ за „апсолутната неопходност“ од воената интервенција.

„Со акцијата, Москва ги уништи геополитичките игри на Западот, кој сакаше да ја претвори Украина во постојана закана за Русија“, ја пренесуваат руските медиуми изјавата на шефот на руската дипломатија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.