Руските војници може да извршат нови ракетни напади врз Украина за божиќните и новогодишните празници.
Ова го изјави претседателот на Украина Володимир во видео порака. Тој истакна дека напаѓачите презираат какви било вредности.
„За време на празничната сезона, која се приближува, руските терористи може повторно да станат активни. Тие ги презираат христијанските вредности и сите вредности воопшто. Затоа, ве молиме да внимавате на сигналите за воздушни напади, да си помагате и да се грижите еден за друг“, повика шефот на државата.
Украинскиот лидер им се обрати и на граѓаните на Русија. Според него, тие мора јасно да разберат дека теророт никогаш не останува без одговор.