Зеленски тврди дека Путин планира да започне голема агресија во Европа: Еве и кога

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Русија планира да започне голема агресија на европскиот континент во 2029 или 2030 година, наведувајќи го зголеменото производство на руско оружје.

Зеленски објави на Телеграм дека зголеменото производство на оружје покажува и дека Русија, како што изјави, не е подготвена да ја заврши војната против Украина.

„Со оглед на ситуацијата на бојното поле, не гледаме дека Русија сака да запре. Проблемот е што кога ја гледаме руската воена индустрија, гледаме дека тие го зголемуваат своето производство. И, според наша проценка, тие сакаат да ја продолжат оваа војна“, рече Зеленски, објави Укринформ.

Тој повтори дека заедничкиот притисок на светските сили би можел да ја принуди Русија да направи пауза во војната.

Зеленски ги повика земјите-партнери да размислат како да ги сопрат Русите во Украина сега.

Министерството за финансии на САД во среда објави дека воведе санкции врз две големи руски нафтени компании, „Роснефт“ и „Лукоил“, и ја повика Москва веднаш да се согласи на прекин на огнот во Украина.

Зеленски тврди дека загубите на Русија само од овие санкции ќе изнесуваат најмалку 50 милијарди долари годишно.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, на 23 октомври објави дека Европската унија го одобрила 19-тиот пакет санкции против Русија.
The post Зеленски тврди дека Путин планира да започне голема агресија во Европа: Еве и кога appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: