Републиканците во Сенатот денеска го блокираа двопартискиот пакет закони со цел да се намали рекордниот број на нелегални гранични премини на САД и да вклучи милијарди долари итна помош за Украина, Израел и американските партнери во индо-пацифичкиот регион.
Официјални лица од администрацијата на претседателот Џо Бајден со месеци работат со демократите и републиканците во Сенатот на законот, кој не ги доби потребните 60 гласови од сенаторите за да биде усвоен, пренесува АП.
- (ВИДЕО) Тренер од Косово шамараше 8-годишна теквондистка затоа што загуби од Србинка!Во Тирана се одржува Европското првенство во таеквондо за деца на кое- прочитај повеќе
- Уште едно препукување меѓу Илон Маск и неговата трансродова ќерка: „Валкан мал изрод“Трансродовата ќерка на Илон Маск, Вивијан Џена Вилсон (20) на социјалната мрежа- прочитај повеќе
- НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Во петок почнува обврската за задолжителна зимска опремаОд петок – 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседувате- прочитај повеќе
- Спасовски: Катастрофален почеток на владеењето на Мицкоски и неисполнети ветувања пред граѓанитеСоцијалдемократскиот сојуз на Македонија го критикува премиерот Христијан Мицкоски затоа што ја- прочитај повеќе
- Таравари: Исто мислење со ВМРО за законот за употреба на јазицитеЗаконот со кој се гарантира употребата на албанскиот јазик нема да биде- прочитај повеќе
Претходно, повеќето републиканци потврдија дека ќе гласаат против законот.
Според двопартискиот предлог-закон, Израел ќе добие 14 милијарди долари, 60 милијарди се наменети за помош на Украина, а 10 милијарди ќе одат за хуманитарна помош за цивилите во Украина, Газа и Западниот Брег.
Републиканците првично бараа промени во граничната политика во замена за помош за Украина, но се откажаа од тој компромис оваа недела набргу по објавувањето на договорот за границата, сметајќи го за неадекватен.
Водачот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, рече дека ќе се обиде да го спаси пакетот за воена помош и ќе продолжи да се залага за гласање за помош од десетици милијарди долари за официјален Киев, Израел и другите сојузници на САД, но без легислативата за поефикасна контрола на американските граници.
Засега не е сигурно дали доволен број републиканци ќе гласаат за продолжување на постапката за гласање на законот за воена помош, бидејќи за усвојување на таа процедура потребно е и мнозинство од 60 гласови во Сенатот.
Пакетот помош за Украина во износ од околу 60 милијарди долари е закочен во американскиот Конгрес со месеци поради зголеменото противење на конзервативците во Претставничкиот дом и Сенатот кои ја критикуваат одлуката на администрацијата на Бајден како расипничка и бараат стратегија за излез на Америка од војната во Украина.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.