Зеленски: Ќе го ослободиме Бахмут и два други клучни украински града, имаме план

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека украинските сили ќе го ослободат источниот град Бахмут и уште два клучни украински града од руските војници.

„Ќе го деокупираме Бахмут. Мислам дека ќе деокупираме уште два града“, рече Зеленски за време на разговорот со новинарите во Вашингтон, пренесе „Си-Ен-Ен“.

Тој додаде дека нема да каже за кои градови станува збор.
„Нема да ви кажам во кои градови, извинете. Имаме план. Многу, многу сеопфатен план“, додаде Зеленски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.