Земјоделка во пензија со заштедата купила и донирала возило за брза помош во грчкиот град Месолонги

Ново и целосно опремено возило на брза помош за итната служба во грчкиот град Месолонги, донираше земјоделката во пензија Атина Папахристу, а според медиумите, возилото во вредност од 65.000 евра го купила со нејзините лични заштеди.

Пешак загина во сообраќајката кај село Тркање
Утрово околу 7 часот и 50 минути на патот меѓу Штип и …
СДСМ: Власта мачка очи на граѓаните со замрзнување маржа на едвај 73 производи, СДСМ намалуваше цени на 500 производи
Со најавеното замрзнување на маржите на само 73 производи власта под притисок …

Од итната служба соопштија дека донацијата на Папахристу е во спомен на нејзиниот сопруг и истакнаа дека е постапка за пофалба.

Пенизионерката за грчките медиуми вели дека во минатото на неколку пати имала лошо искуство со брзата помош, или доцнела, поради недостиг на возила или се расипувало возилото, па била принудена да земе такси.

-Па си реков, ќе земам едно да му служи на Месолонги, рече Папахристу за телевизијата „Алфа“.

За грчките медиуми, откри и дека поставила два услови при донацијата, едниот, возилото да биде само за нејзиниот град, а другиот услов, секогаш кога ќе поминува пред нејзини куќа да ја поздрави со свирење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.