Силен земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала го стресе Скопје и делови од западна Македонија.
Првичниот извештаи укажуваат дека земјотресот е со епицентар на триесетина километри северно од Тирана, Албанија, но се почувствувал на територијата на Македонија, Црна Гора и Косово.
Земјотресот е регистриран во 11часот и 1 минута по македонско време.