Земјотрес во близина на грчкиот остров Родос

Земјотрес со јачина од 4,6 степени по Рихтер го погоди регионот на Средоземното Море во близина на островот Родос. Потресот се случил неколку минути по полноќ, пренесува агенцијата „АНА“.
Според соопштението на Атинската национална опсерваторија, епицентарот бил 47 километри источно од Родос на длабочина од 10 километри.
Нема информации за евентуални повредени лица и причинета материјална штета.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.