Земјотрес со интензитет од 5,8 степени по Рихтеровата скала утрово е регистриран во централна и источна Романија, а е почувствуван и во Украина, Молдавија и Бугарија.
Информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета до сега нема.
Според романскиот Национален геофизички институт земјотресот е регистран во три часот и 38 минути по локално време и траел неколку секунди. Епицентарот бил во реонот на Вранча, источна Романија на длабочина од 150 километри.