Епицентарот на земјотресот, како што јави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), бил во регионот на сојузната држава Њу Џерси, на околу 64 километри западно од Њујорк. Освен во Њу Џерси, како што пренесе Си-ен-ен, земјотресот бил почувствуван и во делови од Њујорк, Филаделфија и Вашингтон
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот брег на Соединетите Американски Држави (САД). Епицентарот на земјотресот, како што јави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), бил во регионот на сојузната држава Њу Џерси, на околу 64 километри западно од Њујорк.
#Earthquake 18 mi W of #Plainfield (New Jersey) 23 min ago (local time 10:23:20). Updated map – Colored dots represent local shaking & damage level reported by eyewitnesses. Share your experience via:
📱https://t.co/IbUfG7TFOL
🌐https://t.co/wErQf69jIn pic.twitter.com/jBjVw1ngAD— EMSC (@LastQuake) April 5, 2024
Потресот се случил околу 10:20 часот по локално време и бил на длабочина од пет километри.
Освен во Њу Џерси, како што јавува Си-ен-ен, земјотресот бил почувствуван и во делови од Њујорк, Филаделфија и Вашингтон. Портпаролот на противпожарната служба на Њујорк соопшти дека во моментов нема поголеми инциденти како последица на силниот земјотрес во Њу Џерси, но дека остануваат да ја следат состојбата.
Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, во своето првично излагање рече дека ова е најзначајниот земјотрес почувствуван во државата од 2011 година и оти тој е сфатен сериозно поради потенцијалните последователни потреси. Додава дека засега нема извештаи за жртви или за поголеми штети.
Потресот бил почувствуван и за време на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) чија зграда е со седиште во Њујорк.
За земјотресот е информиран и американскиот претседател Џо Бајден.