Две златни медали освоија млади неготинки на интернационален куп во кикбокс што се одржа вчера во Босна и Херцеговина, информираа денеска од КБК „Гладијатор” од Неготино.
– Во Тешањ, Босна и Херцеговина, се одржа реномираниот интернационален куп во кикбокс WAKO Balkan Open 2023, каде учество земаа и нашите девојки од КБК „Гладијатор” Неготино, Јадранка Темелкова и Марија Јанева, кои се вратија со два златни медали. Јадранка како помлад јуниор во КЛ -55 килограми дисциплина, во полуфиналето ја совлада Хрватката со 3-0 и се пласира во финале, каде извојува победа пак со 3-0 и се закити со злато. Марија како сениор во КЛ-60 килограми, во финале ја совлада Босанската натрпреварувачка и со 3-0 се закити со злато, појаснија од Клубот.
- Апасиев: Се збори низ фелава дека ТАРИФАТА за помилување почињала од 20.000 ЕУР
- (Фото) Златна книга се мајтапи: Мислиш дека денес е Прочка?
- Калајџиев: Комисијата за помилување дава само мислење, Претседателката го дава последниот збор
- НАПАДОТ ВРЗ ИРАН ЌЕ НАПРАВИ СВЕТОТ ДА ЈА ВИДИ НАШАТА МОЌ – Израелскиот министер за одбрана упати заканувачка порака
- Уште непоставен, Израел го уби и следниот лидер на Хезболах
- Додик: БРИКС е надеж за поправеден свет
- Што е ТУСАШ, комплексот во Анкара кој го нападнаа терористите
- 400.000 eвра за чистење на депонијата во ОХИС
- (Видео) Историја: Татко и син за првпат заиграа заедно во НБА-лигата!
Оттаму информираа дека на овој куп учествувале 85 натпреварувачи од нашата држава, предводени од претседателот на Македонската кикбокс Маи Таи федерација, Дејан Митревски- Урко. Биле освоени 67 медали, 19 златни, 25 сребрени и 23 бронзени.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.