Како да препознаете дали вашиот пријател негува чувства кон вас? Меѓусебната привлечност може да биде незабележана, ако не знаеме да ги прочитаме сигналите што ни ги испраќа другата страна.
Честопати не знаеме како да се однесуваме со личноста која ни се допаѓа, но мали знаци можат да ги издадат нашите намери. Ако не знаете да ги прочитате знаците што ви ги испраќа, тогаш ризикувате да го прекинете контактот со таа личност. Ќе помисли дека нема да се случи ништо и ќе се откаже, мислејќи дека сте незаинтересирани. Ова се неколку совети како да препознаете флерт.
Уште од мали нè учат да одржуваме контакт со очи кога се поздравуваме или разговараме со некого. Затоа, кога постои сексуална тензија помеѓу двајца луѓе, контактот со очи кажува многу работи.
Вашите разговори се малку чудни
Доколку мечтааете да бидете заедно, мислите ви го одвлекуваат вниманието и не можете да се сконцентрирате на разговорот.
Стоите блиску еден покрај друг кога разговарате
Просторот помеѓу луѓето влијае на комуникацијата, социјалната интеракција и воопшто односот кон луѓето. Најчесто, луѓето стојат оддалечени 120 цм едни од други додека разговараат. Со семејството- во растојание од 60 до 120 цм, додека оние кои сакаат да остварат интимен однос стојат на растојание од 10 до 60 цм едни од други.
Постојано се допирате
Тој не може да ги држи рацете подалеку од вас, па често ве допира по косата, или ја става неговата рака на вашето рамо додека разговарате. Читајте ги правилно овие знаци.