Зоки Кичеец излегол од „Шутка“: Префрлен е на Кардиологија откако му се слошило

Зоран Милески или познат како Зоки Кичеец на 30.08.2019  попладне е пациент на Кардиологија, дознава 24 инфо.
Кичеец заедно со Боки 13 се двајцата првообвинети во аферата „Рекет“. Кичеец е сместен во еден од апартманите на Клиниката, а друштво му прават неколкумина припадници на МВР.


-Полиција вечерва имаше и на влезот на Клиниката за кардиологијано и низ целиот Клинички центар „Мајка Тереза“. Неофицијално, на Кичеец вчера му се слошило, по што бил пренесен од истражниот затвор Шутка на Клиниката за кардиологија, пренеува телевизијата.

 

Извор: 24 Инфо

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.