Зошто е убиена Вања ако била грабната заради изнуда на пари?



Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 3 јуни 2024 г. на МРТ 1, во кое гостува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

Зошто 14-годишната Вања Ѓорчевска е убиена ако мотивот на грабнувачите бил „да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп”, е едно од прашањата до државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Коцевски го прашуваме и дали Љупчо Палевски-Палчо е убиецот на Вања и Панче Жежовски и дали е пронајдено оружјето со кое се извршени убиствата? Тема се и случајот со повеќе од двонеделното неработење на хируршките сали во Клиничкиот центар, апсењето на врховниот судија Наке Георгиев – случај во кој е осомничен и членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети, изборните заложби на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Советот на јавни обвинители и проверка на имотот на обвинителите и нивните семејства, незаконските легализации на десетици станбени згради во Чаир, случајот со проблематичниот тендер за избор на надзор над „Бехтел и Енка”, конзорциумот што ги гради автопатите од коридорите 8 и 10-д…

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: