Зошто мажите клекнуваат на колено кога ја запросуваат жената?

Кога некој ќе клекне на колено, изјави љубов и ја замоли партнерката да се омажи за него, најчесто на ум ни доаѓа мислата дека тоа е традиционална, западноевропска брачна понуда.
Но, за да ги добиеме точните одговори, треба да се вратиме неколку векови наназад, во времето на витезите.
На кое колено би требало да клекнете во текот на запросување? Обично, мажот се спушта на левото колено кога го поставува прашањето, (иако е сосема сеедно). Кутијата со прстен ја држи во левата рака, а со десната рака го открива свршеничкиот прстен за саканата.
Зошто левото колено? Според Кит Вилард, еден од најпознатите организатори на свадби во САД, повеќето луѓе клекнуваат на левото колено бидејќи се деснораки. Спуштањето на лево колено овозможува тој што прашува убаво да се намести и лесно да ја отвори кутијата.
Зошто во текот на запросувањето мажот се спушта не едно колено?
Иако историското потекло на овој романтичен гест е малку нејасно, според Вилард оваа традиција потекнува од средниот век, кога витезите се поклонувале пред благородничките. Клекнувањето бил дел од протокол на многу церемонии и обреди, вклучително и на онаа од романтичен вид.
Средновековната уметност ги прикажува витезите како клекнуваат пред нивните феудалци во знак на чест и почит или како клекнуваат пред благородничка за да изразат вечна лојалност и восхит.
Вилард нагласува дека кога мажот клекнува на едно колено покажува почит кон идната сопруга.
„Тоа е гест кој го става мажот во потчинета позиција, целиот негов живот сега е во нејзини раце, со надеж дека таа ќе биде љубезна и полна љубов“, вели Вилард.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.