Зошто не можам да доживеам оргазам?

Истражувања покажуваат дека околу 12% од жените никогаш не доживеале оргазам, а тој изостанува во дури 75% од сексуалните односи. Дали се работи за физички проблем или емотивна блокада…или пак двете?

ФИЗИЧКИ ПРИЧИНИ
Една од главните физички причини е недоволната стимулација на клиторисот. На повеќето жени им е потребен директен контакт за да доживеат оргазам, а тој честопати при водењето љубов изостанува. Телото не е машина, па ако сте уморни и исцрпени она што ви треба е одмор, а не секс.

МЕДИЦИНСКИ ПРИЧИНИ
Васкуларните, невролошките или хормоналните пореметувања се исто така причина за недоживување на оргазам. Проблемот може да е последица од земање лекови или пак оштетување на нервите при операција на карлицата.

ТЕХНИКА НА САМОПОМОШ
Ако не го добивате она што го сакате, најдобро решение е искрен разговор со партнерот.

ПСИХИЧКИ ПРИЧИНИ
Психолошките блокади не се рационални. Ги има повеќе видови, а еве неколку од нив:

Перфекционизам – мислите дека и сексот треба да биде совршен, вистинско место, вистинско време и расположение.
Страв од губење контрола – можеби ова е одраз на вашиот карактер во сите подрачја, а не само интимниот живот.
Недостаток на самодоверба – грижата дали сте дебели и како изгледате за време на сексот се начестите уништувачи на страста.
Срам или вина поради сексуалноста – ова е најчесто последица од погрешното воспитание и траумите од детството.
Деконцентрација – Ако секојдневните проблеми ви се мотаат по глава, не очекувајте да уживате.
Исчекување – ако се концентрирате само на очекување на тој момент, значи дека не уживате во моментот
Проблеми во врската -напнатоста во врската е уништувач на страста, затоа пред да влезете во спалната соба решете ги проблемите.

Трикови
Постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат да уживате:
– дишете длабоко за да внесете кислород во напнатите мускули од телото
– испробајте различни пози додека не ја најдете онаа во која стимулацијата на клиторисот е најголема
– ритмички стискајте ги и опуштајте ги вагиналните мускули
-“побегнете” во својата омилена фантазија за да се ослободите од негативните мисли и психичките пречки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.