Зошто не треба да ги миете забите веднаш после јадење?

Иако постои некое непишано правило, забите да се мијат после секој оброк и ова честопати и се споменува во рекламите за пасти, сепак ваквата навика не е најдобра.
Зошто не е пожелно да ги миете забите барем 30 минути по оброк?
По консумирањето на храна се лачи најмногу плунка која ја штити глеѓта на забите од киселини и која не треба да биде измиена.
Ако ги измиете забите веднаш по оброкот, може да ги оштетите и да ја зголемите нивната чувствителност, бидејќи киселините ја омекнуваат забната глеѓ.
Ова особено важи кога јадете храна со висока киселост – сокови, вино, овошје, енергетски пијалаци и сл.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.