Постојаната интеракција со другите може да биде навистина исцрпувачка бидејќи треба да инвестираме многу енергија да ги израдуваме другите, да им угодиме, да ги насмееме, да исполниме сè што се очекува од нас! Иако тоа се секојдневни интеракции со нашите родители, пријателите, партнерот или соседите, тие често нè исцрпуваат.
Зошто ни се корисни моментите на тишина и осаменост?
Од друга страна, моментите на тишина и осаменост можат да ни ги наполнат батериите и да го подобрат нашето ментално здравје!
- Осаменоста го поттикнува процесот на самонабљудување и самоанализирање
Поради постојаниот наплив на туѓи емоции, кои свесно или несвесно ги преземаме, можеме да ја изгубиме врската со сопствените емоции, желби и потреби. Според научниците, кога ќе престанеме да се фокусираме на луѓето и работите околу нас, подготвени сме повеќе да им се посветиме на нашиот ум и на нашите мисли. - Осаменоста може да ја поттикне креативноста
Во моментот кога ќе почнеме да уживаме во нашето друштво, имаме нова перспектива на нашите емоции, а резултатот е подлабоко разбирање на самите себе, како и она што нè прави среќни или тажни и полесно управување со сопствените емоции. - Не мора да правите компромис
Колку пати сте направиле компромис да уживате во друштвото на другите? На пример, сакавте да одите во кино, но гледавте филм кој не сакавте да го гледате бидејќи на крајот, мнозинството го имаше одлучувачкиот збор. Често го оставаме настрана она во кое најмногу уживаме заради другите, но кога сме сами, можеме да уживаме во она што нè исполнува и нè прави среќни.