Секс со бившиот партнер не е баш најдобра одлука. Телевизијата и филмовите го претставуваат сексот со неодамнешниот партнер како нормална работа. Можеби е во ред да имате секс „за последен пат“ ако навистина сте уживале во тоа. Или пак, можеби сакате да имате секс со некого кој навистина го знае вашето тело, вашите потреби и желби. Но во реалноста, по раскинувањето многу често едниот партнер е многу повеќе повреден од другиот.
Па зарем не е комплицирано да спиете со некој кој ве направил навистина тажни? Сексологот и доктор Дон Мајкл го споделила своето мислење за тоа дали сексот може да ви помогне да го преболите, или пак на тој начин ќе ја задржи поврзаноста со поранешниот партнер.
Сексот со поранешниот партнер не е добра идеја
Можеби ви се има случено да бидете оставени. Сигурно сте помислиле дека блискоста која ви ја нуди сексот со партнерот кој ве оставил ќе ја намали болката од сознанието дека врската завршила. Но, вашиот мозок греши. Овој секс нема да ви помогне.
„Сексот со поранешниот партнер само ќе ја продолжи болката од загубата. Најдобро е да ја прекинете комуникацијата и да продолжите со вашиот живот“, изјавила доктор Мајкл.
Можеби звучи грубо, но размислете ако сте биле во таква ситуација. Дали сексот со поранешниот партнер ви помогнал побрзо да го преболите? Веројатно не.
„Професионално, не верувам во овој вид секс бидејќи во главно само едниот чувствува придобивка, додека другиот повторно се чувствува повредено“, објаснува доктор Мајкл.
Навистина, немојте да спиете со поранешниот партнер
Но дали е можно да имате секс со бившиот партнер на „правилен“ начин? Дали може да имате секс без повторно да ви се вратат старите чувства?
„Ако едниот од вас сè уште има чувства за другиот, според мене не постои правилен начин. А токму поради тоа дошло и до раскинување.“
Ако вие сте биле личноста која иницирала за раскинување, немојте да бидете себични. Ако сте сред собирање на вашите работи од станот на партнерот, немојте да го заведувате. Ова само ќе го збуни него, но ќе ве збуни и вас.
И науката вели дека нештата ќе се комплицираат
Раскинувањата никогаш не се убави. Двајца луѓе тргнуваат на различен пат и тоа може да биде навистина болно. Покрај сето ова, и науката вели дека сексот со бившиот партнер може само да го отежни преболувањето.
„Кога жената доживува оргазам, а потоа е во прегратка, таа испушта окситоцин кој трае некое време“, вели доктор Мајкл. „Многу често луѓето ќе се видат и ќе имаат секс, па потоа ќе мислат дека направиле грешка што ја прекинале врската бидејќи нивната способност за расудување е замаглена.“
Ова е само уште една од многуте причини зошто не треба да имате секс со поранешен партнер. Сексот за утеха, односно сексот со поранешниот партнер е само мит. Тој не е правилен потег во и онака комплицираната ситуација. Ако сте раскинале неодамна, подобро е да си облечете удобни пижами, да си подготвите некаква закуска и да си пуштите филм. Одвојте време за грижа за себе и поминувајте време со вашите пријателите. Кога ќе се чувствувате подготвени, можете да почнете и да се гледате со други луѓе. Иако може да биде навистина примамливо, спиењето со поранешниот партнер само ќе го продолжи вашето преболување. Едноставно, кажете не.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.