Кога бевме деца, летото делуваше како да трае вечно, меѓутоа како што растевме, времето некако да почна го забрзува темпото.
Како што старееме, деновите, неделите и месеците летаат со се поголема брзина.
Зошто е тоа така?
Научниците велат дека забрзаното проаѓање на времето не е резултат на тоа што сме затрупани со повеќе обврски, одговорности и грижи, туку поради нашата перцепција која прави да се чувствуваме зафатено и хаотично.
Постојат неколку теории кои објаснуваат зошто нашата перцепција за време се забрзува со текот на годините. Едната од нив истакнува дека за тоа е одговорен нашиот биолошки часовник, односно успорувањето на метаболизмот, срцевиот ритам и дишење.
Детското срце чука побрзо, а поради тоа, во одреден временски период, детето има повеќе биолошки маркери кои создаваат привид дека повеќе работи се случиле, а со тоа и дека времето тече побавно.
Сепак, најновата теорија, виновникот за забрзувањето на времето го наоѓа во фактот дека како што старееме стануваме се понавикнати на своето опкружување и поради тоа мозокот се помалку забележува детали.
Од друга страна, за децата светот е неистражено место за кое мозокот посветува многу повеќе внимание за да го обработи. Во суштина, на умствено ниво, рутината која делува како да го забавува времето е одговорна за неговото забрзување.