Најновиот руски тенк Т-14 Армата е далеку супериорен во однос на постоечките тенкови во однос на неговите карактеристики, но најверојатно нема да се користи во Украина поради неговата висока цена, изјави извршниот директор на Ростех Сергеј Чемезов.
Тој додава дека на армијата и е полесно да купува поевтини тенкови Т-90.
- Армата е, генерално, малку поскапа. Во однос на функционалноста, се разбира, тој е многу подобар од постоечките тенкови, но е прескап, па тешко дека армијата ќе го користи сега. Полесно им е да купат Т-90 – тврди Чемезов.
Според него, сега се потребни средства за создавање на ново оружје.
- Сега ни требаат пари за да создадеме нови тенкови, ново оружје, можеби и поевтини. Значи, ако има можност да се купи поевтино, зошто да не – додаде тој.
Т-90 е главниот борбен тенк на руската армија и еден од најпродаваните во светот.
Тенкот Т-14 „Армата“ ги комбинира најновите технологии во областа на изградбата на тенкови во Русија, а користи најнапредни технологии и моќно оружје.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.