Дали мислите дека мисионерската поза е здодевна? Кога ќе се потсетите зошто е една од најдобрите, веднаш ќе ѝ се вратите.
Поради некоја причина, мисионерската позиција на водење љубов ја бие лош глас дека е здодевна. Точно, можеби не е толку егзотична како некои други пози, но има повеќе од доволно причини зошто многу сексолози ја сметаат за една од најдобрите секс-пози.
Кожа на кожа
Мисионерската поза овозможува максимален контакт кожа на кожа меѓу партнерите, што е крајно еротско. Исто така, ова е поза во која не е сè во механичкото „влези-излези“, туку триењето на телата и можноста да се бакнувате со партнерот во оваа позиција се фактори кои дополнително возбудуваат.
Исто така, имате можност за контакт очи в очи, што е многу секси и провокативно, а знаеме дека „очите не лажат“. Во оваа поза лесно е да се шепотат слатки или провокативни зборови во уво.
Многу сексолози сметаат дека мисионерската поза е една од најдобрите за стимулирање на клиторисот бидејќи е во совршена положба за директно дразнење со триење, што значително ги зголемува шансите жената да доживее оргазам.
Славната Г-точка
Но, тоа не е сè, ако жената стави перница под задникот, истовремено ќе се стимулира и познатата Г-точка, а тоа, во комбинација со стимулација на клиторисот, е гаранција за оргазам. Ова беше потврдено со истражувањето спроведено од Клиниката Мајо и Медицинскиот факултет на Универзитетот во Индијана, чии резултати беа објавени во Journal of Clinical Anatomy.
Се покажа дека за да се постигне женски оргазам, позициите како што е онаа каде што жената е на колена, а партнерот е позади, не се идеални бидејќи стимулацијата на ерогените зони не е значајна.
Мисионерската позиција се покажа како најдобра за стимулирање на клиторисот и Г-точката и за постигнување оргазам.
Активни и во лежечка поза
Мисионерска поза, колку и да е удобна за жената, не значи дека таа треба само да легне и да му ја препушти целата „работа“ на својот партнер. Потпрете ги стапалата на креветот или подот, подигнете го задникот и кружете со карлицата: задоволството е загарантирано повеќекратно и за вас и за вашиот партнер.
Можете исто така да ги кренете нозете на рамената на вашиот партнер, што ќе овозможи уште подлабока пенетрација и поинтензивна стимулација, завиткајте ги нозете околу колковите или повлечете ги колената кон градите. Повеќето мажи сакаат кога жената е активна за време на секс. На крајот на краиштата, тоа е многу позабавно за двајцата.
Не ги заборавајте рацете
За време на пенетрацијата, стимулирајте го клиторисот со прстите. Не мора да се срамите: тоа дополнително ќе го возбуди вашиот партнер, а исто така ќе ја зголеми вашата возбуда. Исто така, искористете ја позата во која рацете ви се слободни за да го галите партнерот секаде каде што ќе досегнете.