Ибица без журки и опивање: Строги ограничувања за туристите, казни и до 6.000 евра

Владата на Балеарските острови сака да ја сузбие репутацијата на овој архипелаг како место за забава и злоупотреба на алкохол, со воведување на нови строги ограничувања и казни за кршење на правилата кои ќе влијаат на туристите.
На пример, повеќе нема да постои „happy hour“ и слични промотивни понуди кои поттикнуваат консумирање алкохол. Продавниците кои продаваат алкохол мора да бидат затворени од 21 и 30 часот до 8 часот наутро, а и сè уште важи забраната за организирање на обиколки на пабови и забави на бродови.
На туристите кои уплатиле „all-inclusive“ одмор ќе им биде дозволено да испијат до 6 пијалаци дневно, и тоа 3 пијалаци околу ручек и 3 во текот на вечерата.
Правилата се однесуваат на „all-inclusive“ туристите на Ибица како и на подрачјата Плаја де Палма, Ел Аренал, Магалуф и Вест Енд Сант Ентони де Портмани.
Освен правилата за алкохол, воведени се и други ограничувања вклучувајќи забрана за скокање помеѓу балкони. Местата за кои ќе се утврди дека ги кршат овие правила со „сериозни и многу тешки прекршоци“ можат да се соочат со казни од 60.000 до 600.000 евра како и со забрана за работа до 3 години.
Поединците за кои ќе се утврди дека ги кршат правилата можат да бидат казнети со парична казна од 1.000 до 6.000 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.