Ибрахимовиќ: Во Германија би играл само во Баерн

Златан Ибрахимовиќ во едно интервју открил дека сè уште на ја исклучил можноста еден ден да заигра во германската Бундес лига.

„Ако би требало само еден ден да играм за германски клуб, тоа би бил Баерн Минхен“, рекол Ибрахимовиќ за „11Freund“. Шведскиот напаѓач во кариерата има настапувано во првенствата на Холандија, Италија, Шпанија и Франција. „Бундес лигата би можела да биде привлечна за мене. Кој знае можеби еден ден ќе се случи тоа. Имам сè уште време. Но доколку заминам во Германија, би играл само во Баерн, кој е еден од најголемите клубови на светот“, рекол фудбалерот на францускиот Пари Сен Жермен.
Макфакс
Златан Ибрахимовиќ во едно интервју открил дека сè уште на ја исклучил можноста еден ден да заигра во германската Бу

Пронајдете не на следниве мрежи: