ИВАНОВСКА: АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА ВО 2019 ГОДИНА ПОБАРА РАЗРЕШУВАЊЕ НА АНЃУШЕВ

Од 2019 година Антикорупциската комисија побара Владата да го разреши заменикот. на тогашниот премиер Кочо Анѓушев, поради одреден судир на интереси, рече шефицата на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска.

Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јвуваат дека времето денеска ќе биде претежно облачно, наутро по котлините ќе има услови за појава на магла. Претпладне претежно во југоисточните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува …
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
Две недели по разорните поплави во источна Шпанија, метеоролошките служби ги предупредија граѓаните да бидат внимателни, бидејќи повторно се очекуваат нови катастрофи со доаѓање обилни врнежи и ниски температури. Источниот и јужниот дел на …

Комисијата тогаш утврди дека Анѓушев учествувал во расправата и одобрувањето на владината одлука за намалување на царината за увоз на литиумски батерии, додека неговата компанија се занимава со увоз на литиумски батерии.

Поднесовме иницијатива до Владата за негово разрешување, но Владата не извести дека нема конфликт на интереси, тој продолжи да биде дел од техничката влада“, рече Ивановска.

Таа додаде дека сега постои посебна институција која се занимава со темата за судир на интереси и дека мора да се почитуваат надлежностите и одлуките на таа институција.

Вчера САД го прогласија Кочо Анѓушев за неподобен за влез во САД, ставајќи го на „црната листа“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.