Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски фантастично ги почна квалификациите за Челинџерот во Братислава откако денеска со 2-0 го совлада вториот фаворит Александар Ковачевиќ од САД.
Мечот го одбележа фактот што ниеден од тенисерите на успеа да направи брејк, а Ивановски ја имаше единствената можност за такво нешто. Во тај-брејкот од првиот сет Калин беше подобар со 7-4, а во вториот со 7-3.
Победата на нашиот тенисер добива на значење ако се знае дека на турнирот настапува како 928. на АТП листата, додека неговиот денешен противник е 99. Минатата недела тој се врати по долгата пауза поради повреда и денешниот триумф е прв за него по 22 ноември 2023. Следен противник на Ивановски ќе биде подобриот од дуелот меѓу Керол и Креси, тенисери кои се далеку подобропласирани од него.