Со тоа што Законот за амнестија вчера е објавен во Службен весник на Р.Македонија, тоа значи дека Указот за прогласување за овој закон е потпишан од претседателот Иванов. Исто така со тоа веќе тече рокот од 5 дена за пријавување на сите обвинети за случувањата во Собранието на 27 април минатата година, пренесува “АлсатМ“.
Според овој закон, секој обвинет доколку смета дека ги исполнува условите пропишани со овие законски решенија треба да поднесе барање да биде амнестиран . Потоа, последниот збор ќе го имаат судијката во овој предмет, Добрила Кацарска и обвинителката, Вилма Рускоска.