Иванов го прими младиот Марко кој го преплива Охридското Езеро

Претседателот Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја, денеска во Вила Билјана во Охрид, го примија Марко Пејчиноски кој го преплива Охридското Езеро.
На средбата со младиот Марко претседателот Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, рече дека овој негов херојски подвиг заслужува големо внимание и почит и претставува позитивен пример и мотив за сите млади и талентирани.


-На свои дванаесет години Марко е европски и светски шампион кој покажа извонредна храброст, пожртвуваност и упорност својствени за врвните спортисти. Ти си наша заедничка гордост. Ти посакувам уште многу идни спортски успеси со кои ќе се гордее Република Македонија, рече претседателот Иванов.


Марко се заблагодари за поддршката од македонскиот претседател и рече дека благодарејќи на вербата во Бога и поддршката од неговото семејството успеал да преплива 25 километри во лоши временски услови.
Честитајќи за извонредното достигнување на Марко, претседателот Иванов порача дека треба сите безрезервно да го поддржиме и да помогнеме во неговиот натамошен спортски развој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.