Игор Џамбазов го слави 61. роденден: „Кога мајка ми Анче ме испорачала на овој свет, татко ми Џамбаз не се отрезнил три дена“

Македонскиот актер и шоумен денеска, на 15 јули, има повод за славење. Нашиот Игор Џамбазов го слави својот 61. роденден.

Во негов стил, тој уште на полноќ го одбележа својот роденден со интересна приказна и објава на социјалните мрежи, на која е напишан бројот 61.

„На денешен ден, пред точно 61 година мајка ми Анче ме испорачала на овој свет. Светот не се потресол премногу околу тоа, ама татко ми Џамбаз не се отрезнил три дена. Другото е историја… и по малку театар и музика“, напиша Џамбазов во описот.

Игор доби бројни честитки од следбениците, пријателите, но и од колегите од јавниот живот.

Пронајдете не на следниве мрежи: