„Играв за Македонија, ама Италија е моја земја и сон (бeш)е да играм за ‘аѕурите’“

Никола Секулов, младиот фудбалер на италијански Јувентус е еден од двајцата најголеми таленти кои Македонија ги загуби покрај Дејан Кулушевски, кои беа младински репрезентативци на Македонија пред да се решат да играат за Италија односно Шведска.

Секулов веќе седум години е дел од Јувентус, ги мина сите младински категории, сега е дел од Б-тимот до 23 години на „старата дама“, но силно чука и на влез во првиот тим, како што најавуваат медиуми од Торино. Сега младиот фудбалер за врска првпат откри зашто избега од македонскиот дрес.

Момчето родено во Пјаченца (Италија) преку селекциите до 17 и 19 години, дојде до селекцијата на Италија до 20 години за која даде гол ланскиот март во тирумфот со 5-0 против Норвешка.

Пронајдете не на следниве мрежи: