Нутриционистите ги предлагаат следниве намирници кој благодарение на цвоето богатство од витамини, минерали и други вредни нутриенти ефикасно се борат против појавата на акните и митесерите. Не заборавајте дека убавата кожа е резултат внатрешна рамнотежа и правилна исхрана, а надворешните помагала – кремите, лосионите, пилинзите и сл.- се само привремено решение.
За лицата кои имаат масна и проблематична кожа на лицето идеална храна е: зелениот лиснат зеленчук, житарките поради Б витамините, мисиркино и пилешко месо, школки, јајца, млеко, сирење, јогурт, сусам, домати и банани поради калиумот и цинкот.
И секако, водата е незаменлива. Се препорачуваат 1,5-2 литри вода, односно незасладени течности дневно вклучувајќи го и чајот.
Витаминот Е е витамин на кожата и нејзината убавина, па затоа не заборавајте за ужинка умерено да грицкате ореви, лешници и бадеми- но внимавајте, умерено значи по 50 грама дневно. Добрите маснотии се наоѓаат и во маслиновото масло, сината риба, авокадото, семките од сончоглед и тиква итн. Овошјето исто така се препорачува поради антиоксидансите, односно поради Ц витаминот, но избегнувајте ги агрумите.
Истражувањата покажаа дека кафето или чоколадото не предизвикуваат појава на акни, розацеа или други кожни проблеми. Вашиот најголем непријател е стресот.
Исто така, од голема помош ќе ви биде и зобта. Две лажици цели зрна од зоб потопете ги во вода и по неколку минути процедете ги. Со слузавата вода која ја омекнува и штити кожата намачкајте го лицето. Ако зобта ја држите во вода половина час, ќе добиете зобно млеко. Без двоумење, нанесете го на лицето, вратот и деколтето. Тоа е значително делотворен, хидрататнтен и смирувачки третман.Нутриционистите ги предлагаат следниве намирници кој благодарение на цвоето богатство од витамини, минерали и други вр