Идниот месец уште еден повод за славење во кралското семејство

Најмладиот принц во кралското семејство Луј ќе биде крстен на 9 јули, соопшти кралската палата преку соопштение до јавноста.
Луј е третото дете на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт војвотката од Кембриџ кој се роди на 23 април оваа година и е петти по ред наследник за британскиот трон.

Во соопштението стои дека Луј ќе биде крстен во најтесниот круг на семејството, а за таа прилика тој ќе биде облечен во сатенска крем фустан со чипка кои исто така на денот на нивната крштевка ги носеле и неговите брат и сестра.
Станува збор за фустан кој е сошиен по мерки на оној кој го носела најстарата ќерка на кралицата Викторија во 1841 година и кој со генерации се користи за кралските бебиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.