Таа те освојува со својата насмевка, едноставен карактер, хумор. Таа е брилијантна жена која сакаш да ја имаш покрај себе. Чувствуваш дека таа те менува или барем се надеваш дека може да те смени. Мислиш дека можеш да ја сакаш силно.
Но, како што времето минува, сакаш нешто повеќе, или едноставно не знаеш што сакаш. И праќаш измешани сигнали, некогаш си тука за неа, некогаш целосно те снемува. Таа постојано прашува што се случува. Секој ден ја избираш се помалку и помалку.
Остануваш со неа, но веќе не си истиот. Не е ни таа, но верува дека тоа е само фаза која ќе помине. Но, не поминува. Не ја гледаш веќе со истите очи, не се грижиш за неа, не те интересира како поминал нејзиниот ден. Но, не си заминуваш.
Ја оставаш секој ден, но не ни си заминуваш. Не и кажуваш дека си крај, затоа што си до неа само половично. Но, зошто го трошиш нејзиното време? Зошто ја залажуваш дека работите ќе станат подобри?
Избирај ја секој ден, или пушти ја да си замине.