Изборите во Белград да се одржат на 2 јуни, новата влада да се формира до 1 април


По состанокот со лидерите на владејачката коалиција, српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека е прифатен предлогот новите избори во Белград да се одржат на 2 јуни, да се одложи конститутивната седница за избор за претседател на Ана Брнабиќ за една недела и да се формира новата влада до 1 април. Како што пренесуваат српските медиуми, Вучиќ во обраќање до јавноста порача дека мнозинството од коалициските партнери сакало изборите во Белград да се одржат на 28 април, а сите останати во 87-те локални единици да бидат организирани согласно уставните и законски рокови.

„Мојата идеја и молба е изборите во Белград да се одржат на 2 јуни, бидејќи сакам сите да имаат време да ја подготват кампањата. И тие избори ќе се одржат на 2 јуни, бидејќи моите пријатели се согласија со таа идеја. Сите други избори ќе бидат одржани во согласност со уставните и законските рокови, бидејќи никој не сака никому да поднесе оставки за било кого и тоа беше едногласно отфрлено од сите присутни,“

истакна Вучиќ.

Фото: РТС

Вучиќ кажа и дека листата на СНС „Србија не смее да запре“ има мнозинство кое е доволно за формирање парламентарно мнозинство и влада и дека во следните неколку денови ќе му го достават името на мандатарот.

„Да се обидеме пред 1 април да имаме нова влада“,

рече Вучиќ.

Продолжението на конститутивната седница на парламентот на која мнозинството треба да ја изгласа Ана Брнабиќ за претседател на Собранието, а која е закажана за утре, се одлога за точно една недела, за да се подготват изборите за потпретседател, претседател и сите собраниски комисии. Тој појасни дека тоа се прави за Собранието целосно да се конституира и да се подготви за избор на нова Влада.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: