Избори во Црна Гора: Неверојатна излезност, 68,4 проценти од гласачите гласаа до 17 часот

Денес граѓаните на Црна Гора одржуваат парламентарните избори на кои учествуваат шест коалиции и пет политички партии.

Право на глас имаат 540.026 граѓани, а покрај парламентарните избори, локалните избори се одржуваат и во Котор, Будва, Тиват, Андријевица и Гусиње. Денешните парламентарни избори ќе бидат 11-ти по ред од воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора, и петти по независноста на земјата.

Изборите се одржуваат за време на пандемија на коронавирус, па затоа е задолжително да се следат препораките на НКТ за заразни болести.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.