Најуспешната босанска манекенка Амра Џеко на Инстаграм се пофали со фотографии од одморот на Хвар, а нејзиниот дводелен костим за капење ги истакна нејзините впечатливи стомачни мускули.Џеко заедно со сопругата, децата и во друштво на пријатели веќе извесно време летува во соседна Хрватска, а на социјалните мрежи сподели фотографии од Хвар.Таа може да се види како позира на брод, а во преден план се нејзиното импресивно тело и издлабените мускули. View this post on Instagram A post shared by Amra Džeko (@amradzeko)„Забава во најдоброто друштво“, напиша Амра покрај кадрите во црн костим за капење, во кој имаше широка насмевка на лицето.Познато е дека Амра е љубител на фитнесот и здравиот начин на живот и дека својата фигура ја одржува преку редовни тренинзи. Затоа, ваквите фотографии и нејзиниот впечатлив изглед не изненадуваат.Таа претходно во интервју за Klix.ba зборуваше за своите здрави навики и како и покрај честите патувања не се откажува од рутината за тренинзи.“Тренирам каде и да сум и доколку имам можност да спортувам тој ден. Сакам да можам да правам што повеќе работи и сга како кога бев помлада. Ако понекогаш не можам да одам во теретана – затоа што моите деца се болни или немам помош кому да ги оставам – имам неколку тегови при рака кои ми доаѓаат на помош.Нагласи дека не се откажува од тренинзите ни на одмор и дека ужива да тренира каде и да е.
Пронајдете не на следниве мрежи: