Како што објави „Еуроњуз“ направениот извештај од страна на Европската агенција за животна средина покажува дека Македонија се наоѓа на врвот на листата на најзагадени земји во Европа.
„Македонија е рангирана како најзагадена земја во Европа со загадување до десет пати над препорачаните нивоа. Ова го покажува Европската агенција за животна средина. Густиот сообраќај и употребата на печки за греење предизвикуваат зголемување на загадувањето на воздухот и сс повеќе луѓе бараат лекарска помош“, информира „Еуроњуз“.
Телевизиската мрежа додава дека Владата на Р. Македонија презела амбициозна цел за подобрување на квалитетот на воздухот за 50% во рок од две години.