Замокот Шури во јужна Јапонија, кој се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО речиси целосно изгоре во пожар. Во гаснењето на пожарот, кој избувнал во замокот од 14 век кој се наоѓа во градот Наха во провинцијата Окинава, учествувале повеќе од 20 противпожарни екипи.
Пожарот уништи седум главни структури на околу 4.800 метри квадратни на рид во градот Наха, но нема извештаи за повредени, објавија јапонските медиуми.
– Шокирани сме од загубата на замокот, изјави градоначалничката на Наха, Микико Широма.
– Загубивме симбол од историјата на Окинава, истакна таа.
Пожарот почнал непосредно пред 2:40 часот во замокот во Наха, главен град на префектурата Окинава, по што десетици жители ги напуштиле своите домови. Пожарот бил изгаснат околу 11 часа подоцна.
Локалните власти се сомневаат дека пожарот почнал во главната хала, но причините за огнената стихија се уште се утврдуваат.
Полицијата покрена истрага за причините за пожарот.
Замокот Шури е главна туристичка дестинација на Окинава. Тој го претставува Кралството Рикију, кое траеше 450 години се додека независното кралство не беше анектирано од Јапонија во 1879 година.
Американски сили го бомбардираа замокот во 1945 година за време на Битката за Окинава и тој беше реконструиран во 1992 година.
Замокот Шури или Шуриџо во 2000 година беше ставен на листата на локации од светско културно наследство.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.