Излезете и Гласајте да се самоукинете

Косовскиот претседател Хашим Тачи по средбата со премиерот Зоран Заев ги повика граѓаните на Македонија да излезат и да гласаат.
– Јас денеска не сум во Скопје да преземам страна за овој или за оној политички лидер, мојата агенда е оваа.
Многу е охрабрувачки ова што го слушнав од премиерот, силно го поддржувам неговото патешествие во НАТО и ЕУ. Лидерите во Македонија и Косово ги одбираат нашите граѓани, јас сум соработувал со сите власти во Скопје…
Односот на Косово и Македонија не треба да се основа на политички шеми туку на државни интереси на двете. Се надевам дека гласањето ќе биде не само „ЗА“ туку и дека ќе се постигне цензусот.
Излезете и гласајте , ова е најголемиот патриотизам што може да го направи секој граѓани – изјави Тачи. Повикот да се излезе и да се гласа „ЗА“ на референдумот, како што одговори тој на новинарски прашања, не го смета за мешање во внатрешните работи на Македонија туку рече дека тие како лидери треба да ги наоѓаат најдобрите решенија и истите треба да се поздрават и да се поддржуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.