Изневерените жени се секогаш победнички!

Неодамна сте дознале дека партнерот ве изневерил? Избришете ги солзите затоа што не е сè толку црно колку што изгледа! Едно неодамнешно истражување од Лондон дошло до заклучок дека жените што ги изгубиле партнерите поради неверство се всушност победнички на долг рок.
Анонимното онлајн истражување вклучувало 5.705 испитаници од 96 држави ширум светот, правејќи го едно од најобемните за љубовните раскинувања досега. Тоа што се открило е дека неверството најчесто носело позитивни резултати, бидејќи жените на тој начин учеле како подобро да ги препознаваат лажливците во иднина, и како побрзо да ги забележуваат потенцијално опасните партнери. Овие вештини водат кон повисока


„Врската која настанала со неверство е најчесто осудена на пропаст. Прељубничките се свесни дека нивниот маж е склон на лаги и измами, па затоа и се чувствуваат понесигурно покрај него уште во почетокот. На тој начин и измамената жена станува победничка, а љубовницата губитничка“, вели Крег Морис, еден од истражувачите.
Истражувачите исто така додаваат и дека неверството не настанува поради лошиот квалитет на врската или пак, затоа што личноста со којашто веќе е изневерувачот во врска не е доволно добра. Тие можат да бидат најсреќни и најзаљубени на светот, и да уживаат неизмерно во времето поминато заедно, но сепак да настане неверство. Вината за ова е исклучиво кај оној што изневерува, така што другата половина од врската не смее ни да помисли да се обвинува.
„Ако врската има проблеми, тогаш треба да се работи на нив заедно со партнерот“, велат истражувачите. „Не треба да се бара решение надвор од врската, а уште помалку со друга личност зад грбот на вашата ‘сакана’“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.