Изненадување: Лила го прекина снимањето на „Брза кујна“

Квиз и кулинарското шоу на телевизија Сител, „Се или нешто“ и „Брза кујна“ се едни од најпопуларните и најпосетените од учесниците кои сакаат да си ја пробаат среќата со бројките, да се покажат во готвењето, да освојат некоја награда и секако да добијат некакво искуство пред камера.
Но, за водителките како Лила и Сања Савеска, а и за готвачите Марк и Никола, снимањата се секојдневие, а пред камерите се чувствуваат како дома. За промена, Лила реши да ги смени студијата, па им направи изненадување на колегите од соседното студио, кои пак оваа ненадејна посета не пропуштија да ја објават на Фејсбук.


-Ненадејна посета го прекина снимањето на „Брза кујна“. Фантастичната и незаменлива домаќинка и водителка на најгледаното шоу “Се или нешто”, не изненади и ни направи чест со својата појава во нашето кулинарско шоу „Брза Кујна“. Ти благодариме за честа Лила Филиповска. Доаѓај почесто, заедно ќе учиме да готвиме со Марк де Јонг и Никола Мишковски, напиша водителката Сања Савеска.
По ваквата најава и покана, останува дали ќе ја видиме Лила како ќе се покаже во кујната, а тоа особено би било интересно за гледачите во претстојниот празичен период.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.