ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ОБЈАВИ ВИДЕО ОД УПАДОТ ВО ГАЗА: Портпаролот на одбранбените сили потврди: Во тек е копнена инвазија! (ВИДЕО)

Израелските одбранбени сили објавија видео на кое се гледаат долги редови тенкови и други возила во движење, со краток натпис што ги прикажува активностите на копнените сили во Газа.

– Влеговме во Газа и ги прошируваме операциите – изјави портпаролот на ИД, Даниел Хагари, додавајќи дека нема извештаи за повредени, пренесува „Ерусалим пост“.

Тој истакна дека „ова е војна“, но дека ИД дејствувала контролирано и стратешки, со конкретни цели.

Израелската армија претходно објави дека ги проширува своите копнени операции и дека во текот на ноќта биле употребени „околу сто борбени авиони“ за бомбардирање на Појасот Газа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.