„Ал Шифа“ беше една од болниците во кои израелската војска изврши воена операција, откако претходно го обвини Хамас дека ги користи медицинските установи за воени цели. Хамас и понатаму негира дека користи болници како бази за извршување на воените операции
По двонеделна воена операција израелските сили денеска соопштија дека се повлекле од болницата „Ал Шифа“ во Појасот Газа, пренесуваат светските агенции. Во објавата, која ја пренесува британски „Гардијан“ се вели дека операцијата во болницата која беше најголема во енклавата пред почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, била спроведена водејќи сметка за заштита на цивилите, пациентите и медицинските тимови.
Пред соопштението на израелската војска, новинската агенција Франс прес, повикувајќи се на Министерството за здравство, како и на изјави на жители на Појасот, јави дека израелската војска ги повлекла тенковите и возилата од комплексот во кој е сместена болницата Ал Шифа.
Новинар на агенцијата АФП и други очевидци излегоа со идентични информации во врска со повлекувањето на израелските тенкови и возила.
Инаку, Израел ја оцени операцијата како една од најуспешните за време на речиси шестмесечната војна со Хамас.
Армијата соопшти дека во рацијата биле убиени околу 200 милитанти во и околу болницата и дека е запленето оружје и вреден разузнавачки материјал.
„Ал Шифа“ беше една од болниците во кои израелската војска изврши воена операција, откако претходно го обвини Хамас дека ги користи медицинските установи за воени цели. Хамас и понатаму негира дека користи болници како бази за извршување на воените операции.
Израел, пак, се најде на мета на сериозни критики, меѓу кои од меѓународни хуманитарни организации, дека со воените операции во болноците ги загрозува животите на цивилите, пациентите и здравствениот персонал кој е десеткуван поради војната.
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека изминатите две недели во „Ал Шифа“ починал 21 пациент. Вчера од организацијата соопштија дека е побарано итно преместување на над 100 пациенти поради лошите хигиенски услови во болницата.
„Меѓу пациентите има четири деца и 28 критични пациенти за кои недостигаат потребни средства за нега – пелени, кеси за урина, вода за чистење рани. Многумина имаат инфицирани рани и се дехидрирани. Од вчера остана само по едно шише вода на секои 15 луѓе. Заразни болести се шират поради крајно нехигиенските улсови и недостатокот на вода“,
напиша шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на платформата „Икс“.
21 patients have died since the hospital came under siege on 18 March. Hostilities continue around the hospital according to updates from Al-Shifa hospital in #Gaza reported by a health worker inside the hospital.
107 patients are in an inadequate building, within the hospital…
— Tedros Adhanom Ghebreyesus (@DrTedros) March 31, 2024
Дел од новинаските агенции пренесоа сведоштва на жители на градот Газа по повлекувањето на израелската војска од Ал Шифа.
Мохамед Махди за Асошиејтед прес сликата околу комплексот на болницата го опишал како „тотално уништување“.
Тој изјавил дека неколку згради во комплексот биле целосно изгорени и дека избројал шест тела во областа, од кои две биле во дворот на болницата. Неговото тврдење, посочува „Гардијан“, засега не може да се потврди од независни извори.
На видео-снимките кои кружат на интерент можат да се видат оштетени и јагленосани згради, пациенти на носилки во затемнети ходници и купишта смет собирани со булдожери.
Al-Shifa Hospital is the largest medical complex and central hospital in the Gaza Strip. Now? it’s hard to even recognise that this was once a hospital!! pic.twitter.com/8I4QNdRz3J
— بلستيا (@byPlestia) April 1, 2024
Друг жител, градот Газа Јахија Абу Ауф, рекол дека сè уште има пациенти, медицински работници и раселени лица кои се засолнуваат во медицинскиот комплекс, откако неколку пациенти биле пренесени во блиската болница Ахли. Тој рече дека армиски булдожери ги изорале импровизираните гробишта во дворот на Шифа.
„Ситуацијата е неопислива. Окупацијата уништи секаква смисла за живот овде“,
рекол тој.