Израел: Го убивме командантот на Исламскиот џихад во Појасот Газа

Израелската армија (ИДФ) објави дека нејзините сили го убиле командантот на палестинската милитантна организација Исламски џихад во воздушни напади во Појасот Газа.

Во заедничката изјава со израелската безбедносна агенција Шин Бет, ИДФ изјави дека Мамдух Лулу служел како помошник на командантите на северната дивизија на исламскиот џихад во Газа, пишува „Тајмс оф Израел“.

Ни секој петти во Македонија нема каде да се засолни во случај на напад врз државата?!
Само 18 проценти од македонското население ќе има каде да се засолни во случај на оружен напад врз државата, прецизираат од Дирекцијата за …
Кина ни ги укина визите
Кина најави дека ќе го прошири безвизниот режим на уште девет земји, чиишто државјани ќе можат да престојуваат во земјата без виза до …

Во соопштението се вели дека Лулу одржувал контакт и со претставници на Исламскиот џихад во странство.

„Лулу беше централна фигура на палестинскиот исламски џихад, иницирајќи и предводејќи бројни терористички напади и напади од Газа против државата Израел, рутински и за време на војната“, се додава во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.