Една израелска компанија испорачала на Турција воена опрема, потврдиле извори од владата во Анкара, што е првата таква зделка, оптв откако двете држави порано најблиски регионални сојузници ги замрзнаа меѓусебните односи поради загинувањето на 2010 година при операцијата на израелските командоси за спречување на бродовите да ја пробијат блокадата со помош за Појасот Газа.Компанијата „Elta“ дел од израелската наменска воена индустрија минатата седмица испорачала во Турција електронска опрема во вредност од 100 милиони американски долари за четири разузнавачки авиони AWACS, соопштиле изворите, но ги отфрлиле сугестиите дека оваа зделка е знак за подобрување на односите со еврејската држава.„Турција ја купи опремата од ‘Boeing’ а израелската компанија е само подизведувач на ‘Boeing’, што значи дека сме во директен однос само со ‘Boeing’ а не со Израел“, рекол за Reuters функционер на турското министерство за надворешни работи кои побарал да остане неименуван.Израелското министерство за одбрана одбило да ги коментира овие информации, меѓутоа извор од израелската индустрија ја потврдил испораката.Односите меѓу Израел и неговиот единствен муслимански сојузник Турција сериозно се влошија откако израелските командоси се качија на бродот „Мави Мармара“ во мај 2010 година кој беше дел од Флотилата на слободата која се обидуваше да ја пробие израелската поморска блокада на палестинската енклава Појасот Газа имаа намера да достават хуманитарна помош. При инцидентот со активистите на бродот загинаа девет Турци од кои едниот имаше американско државјанство.Турција го протера израелскиот амбасадор и ја замрзна воената соработка меѓу двете земји по извештајот на Обединетите нации за инцидентот објавен во септември 2011 година, кој Израел во добра мера го ослободува од целосната вина. Турција инсистира на директно извинување од израелската страна, што изостанува.
Макфакс Една израелска компанија испорачала на Турција воена опрема, потврдиле извори од владата во Анкара, што е