Израел и палестинското исламистичко движење Хамас не се блиску до постигнување договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, кој посредува во преговорите.
– Не сме ни близу до договор, изјави портпаролот Маџед ал-Ансари на прес-конференција.
Тој додаде дека не изгледа дека двете страни се фокусирани на решавање на сегашното недоразбирање во преговорите.
Портпаролот рече дека разговорите продолжуваат.